8-МИ ДЕКЕМВРИ - БУДИМПЕШТА (со Виена) »

БУДИМПЕШТА (со Виена) 8ми декември

07.12.2017 - 11.12.2017

Повеќе од 1500 години стара историја и културно богатсвo кое бројните цивилизации го оставиле ја прават Будимпешта фасцинантна. Споена од три града: Буда, Обуда и Пешта, настанала во 1873 година, убавицата на Дунав ја красат 10 мостови и Кралската палата. И запомнете, не сте биле во Будимпешта доколку не сте прошетале по познатата улица Ваци, не сте ја посетиле познатата слаткарница Жербо или не сте уживале во познатите унгарски Чарди.

1 ден 07.12.2017  СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок со групата во 17:30ч. на Дрво Декор и поаѓање за Будимпешта во 18:00чНоќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден  08.12.2017  БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, мостовите на Дунав… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта препорачуваме крстарење по Дунав под прекрасните будимпештански мостови (факултативно). Можност за индивидуални прошетки или факултативна посета на традиционален реторан Чарда со традиционални игри и вклучено мени и пијалок. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден 09.12.2017  БУДИМПЕШТА  - ВИЕНА - ПАНДОРФ

Појадок. После појадокот, во раните утрински часови факултативно поаѓање за Виена – панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, Градската Палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… индивидуални прошетки низ центарот на европската култура и доживување на пред-Божиќната магија на градот. *За оние кои остануваат во Будимпешта, денот го поминуваат индивудуално. Поаѓање од Виена во попладневните часови со попатно застанување во Outlet Shopping Center – Parndorf. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.12.2017 БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близина на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. После посетата на Сент Андреа, се упатуваме во посета на еден од најголемите шопинг центри – Арена Плаза. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности. 

5 ден  11.12.2017 БУДИМПЕШТА 

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 13 НОЕМВРИ: 99€ /6.140 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119€ / 7.380 ден

 ЦЕНАТА Е ПО ЛИЦЕ И ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сметување во хотел со 3* во Будимпешта – 2 НП (ноќевање + појадок)
  • Професионален туристички пратител за време на целото патување
  • Организација и реализација на аранжманот

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Крстарење со брод по Дунав – 15€ – мин. 30 лица за реализација
  • Посета на традиционален ресторан Чарда – 25€
  • Факултативна посета на Виена – 30€ – мин. 30 лица за реализација
  • Посета на Сент Андреа – 10€ – мин. 30 лица за реализација
  • Патничко здравствено осигурување – 5€
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници во музеите
  • Доплата за еднокреветна соба  2.780 денари
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
    • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    • За ова патување важат општите услови на СКТМ и ТА ОСКАР ТРАВЕЛ СЕРВИС.
    • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
    • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.