РЕКА БАБУНА

Реката Бабуна извира на југоисточната страна на Мокра Планина под врвот Солунска Глава и протекува помеѓу планинскиот масив Јакупица од левата и планината Бабуна од десната страна. Од своите извори на кои се наоѓаат прекрасните водопади во пределот над селото Нежилово тече во јужен правец до Богомила. Оттука протекува во југоисточен правец со до селото Оморани од каде што свртува кон североисток сѐ до вливот во Вардар. Бабуна има живописна клисуреста челенка, делумно клисуресто речно корито, мали водопади во нејзиниот горен тек. Се храни со вода од поголем број на притокa. Во своето течение долго 53 километри, прима неколку притоки, од кои најзначајни се десните притоки: Брезица, Изворска и Војничка Река. Поради извонредната чистина на водата во Бабуна живеат повеќе видови риби како пастрмка, плашица, бојник, како и речни ракови, кои се често ловени во летниот период. Во долниот тек реката минува низ клисурата Пешти, каде што речните вирови се доста посетени од капачи преку летниот период.